Компанија за преведувачки услуги има потреба од преведувач за англиски јазик со докажано работно искуство во преведувачката индустрија.
Квалификации:
- ВСС, првенствено Филолошки факултет
- минимум 2 години работно искуство како преведувач
- познавањето на друг светски јазик е предност (претпочитани: германски и француски)
- познавање на работниот процес при преведувањето
Работни обврски:
- Превод
- Проверка на превод
- Истражување како дел од преведувачкиот процес
Кандидатите заинтересирани за вработување нека приложат своја работна биографија со најмалку една препорака која е релевантна за позицијата за која бараме работник. Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор задолжително треба да поминат тест за вештини. Ве молиме да аплицирате само доколку имате соодветно искуство.