За компанијата: Сакам книги е издавачка куќа која го следи трендот на книгите - секогаш со нови и феноменални изданија, преводи на нови книги по многу прифатливи цени.
Издавачката куќа Сакам Книги ја водат неколку едноставни...
повеќе за компанијата »Бараме книжар/ка за книжарницата во Капитол. Самата позиција во трговски центар подразбира работа во смени, за викенди и празници, кои секако се дополнително платени според Законот за работни односи. Од кандидатите очекуваме да имаат добро познавање на изданијата на Сакам Книги, а пожелно е и работно искуство на иста или слична позиција. Од нас може да очекувате супер тим/колеги за работа, позитивна и креативна средина каде што ќе уживате да работите, флексибилност и разбирање, соработка и отворен ум за вашите идеи/предлози, фиксна плата со доплата за работење недели и празници, плус бонуси.
Потребни квалификации и вештини:
- Познавање на книжевнотo портфолио на Сакам книги
- Работно искуство на иста или слична позиција
- Познавање на работа со Microsoft Excel
- Познавање на работа со социјални мрежи (Facebook, Instagram)
- Основно познавање на материјално и финансиско работење
Задачи и одговорности:
- Продажба во книжарница во трговски центар, што подразбира подготвеност за работа во работното време на истиот трговски центар.
- Административна работа (креирање и евиденција на фактури и други материјални документи како и дневно/неделно евидентирање на готовинските уплати. Правење нарачки и извештаи за книжарницата итн.)
- Комуникација со соработници и читатели/купувачи
- Дополнителни задачи по барање на претпоставен менаџер
Личен профил:
- Одлични комуникациски способности и професионален однос
- Одговорна, лојална, љубезна личност и тимски играч
- Подготвеност за работа во смени
- Позитивен и проактивен пристап кон работата
- Предност ќе имаат креативни лица со искуство во продажба или издаваштво кои ќе можат да придонесат со нови идеи за унапредување на продажбата и целокупната работа
Избраниот кандидат ќе биде комплетно обучен да ракува со нашиот систем за продажба, како и темелно обучен за сите останати задачи кои ќе му бидат препуштени.
Заинтересираните кандидати може да испратат свое резиме на [најави се за да го видиш е-маилот] , а пишете ни и неколку збора плус зошто и како се гледате на ова работно место во нашата издавачка куќа. Ќе се земат предвид само кандидатите што ги исполнуваат условите. Огласот е отворен до 11.06.2024.