За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија 7. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори. На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност.
Поради отворање на нов салон во Кавадарци, имаме потреба за проширување на тимот, бараме компетентни и добро обучени луѓе насочени кон остравување на резултати, склони на тимска соработка со желба за нови знаења и вештини, и кои би биле заинтересирани за работната позиција:
Менаџер на малопродажен салон во Кавадарци
Одговорности и задачи:
- Организирање и раководење на тимот;
- Градење на успешен тим;
- Пренесување на корпоративните вредности на останатите членови на тимот;
- Потикнување на тимот кон активна вклученост во продажба и нивен личен развој;
- Советување на членовите на тимот во насока на оперативен напредок;
- Организација на работните обврски на членовите од тимот;
- Формирање планови за личен и тимски развој;
- Градење однос со потрошувачи;
- Развивање квалитетен процес за уредување на ентериерот на потрошувачот.
Твојот профил е:
- Сакаш мебел, уредување на ентериер и дизајн;
- Имаш позитивен став и енергија;
- Флексибилен си и спремен за учење;
- Спремен си за работа во динамична средина;
- Насочен си кон тимска работа;
- Имаш работно искуство на слична позиција;
Нудиме:
- Едукација и опкружување кое го подигнува твојот личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина;
- Предизвикувачки и разновидни задачи;
- Наградување и пратење на процесот на развој на компетеност и личен учинок;
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака менаџер на малопродажен салон во Кавадарци.
Слични огласи »