За компанијата: Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај....
повеќе за компанијата »Компанијата за поштенски услуги Бе-Да Експрес те повикува да се придружиш на нејзиниот брзо растечки и мотивиран тим!
Во потрага сме по Агент за продажба кој ќе се вклопи во нашата компанија на долгорочен план. Потребна ни е личност со претходно искуство во продажба и личност која има желба да напредува и да се гради постојано во својата професија.
Квалификации и вештини кои треба да се исполнат се:
- Завршено високо образование или академија која одговара на вештините
- Претходно работно искуство во продажба мин. 2 години
- Возачка дозвола/ Б-категорија
- Одлични вештини во пишаната и вербална комуникација
- Познавање од Microsoft Office и способност да учи брзо користење на нови компјутерски апликации и софтвери
- Тимска работа и комуникативност, преземање иницијатива и одговорност
- Мотивирана личност со трпелив карактер и лојалност
- Упорност во работата, желба за докажување и напредок
Обврски кои доаѓаат со позицијата:
- Контактирање на постоечки клиенти и нови клиенти
- Запознавање на клиентот со секој процес во компанијата и како истиот функционира
- Грижа за профилот на секој клиент и одржување на комуникација со нив, одговарање на сите нивни барања и прашања
- Следење на продажбата и нејзина анализа, преземање на активности за нејзино зголемување
- Подготвување на неделни и месечни извештаи
- Работа на терен и посета на клиенти и потенцијални клиенти
Испрати го твоето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . Те очекуваме!