Еспорт Менаџер

(преземи го огласот како PDF)

За прв пат од своето постоење, развојот на Македонската Еспорт Федерација не донесе до потребата од воведувањето на нова позиција - Еспорт Менаџер. Позицијата го опфаќа координирањето на националните тимови пред, за време и по завршувањето на натпреварувачките циклуси. 

 

Во досегашното функционирање од моментот на нивното создавање, репрезентациите имаат постигнато значителен успех, редовно учествувајќи на големите интернационални натпревари во eFootball и Дота 2, како и двапати освојувајќи го златниот медал во CS:GO на Светското Еспорт првенство. Овие успеси ни говорат за талентот кој го поседуваат македонските еспорт атлети, талент кој доколку соодветно се канализира и развива, би можел да донесе уште поголеми успеси во периодот што следи. Токму во овој дел ја гледаме и важноста на твојот придонес и делокруг на работење.


 

Нашиот кандидат треба да поседува искуство во:

  • Познавање на последните трендови во Еспорт индустријата

  • Искуство во организирање и одржување на Еспорт/спортски турнири и натпревари

  • Искуство со водење или менаџирање на Еспорт/спортски тимови


 

Тоа искуство е клучно за успешно извршување на следните одговорности:

  • Организирање, креирање и менаџирање на годишната програма на федерацијата

  • Координирaњe и управувањe со националните еспорт тимови, вклучувајќи избор на играчи, тренинзи и евалуација на перформансите.

  • Организирање и надгледување национални еспорт турнири и настани.

  • Развивање и одржување односи со меѓународните еспорт организации и раководни тела.

  • Претставувајте ја организацијата на национални и меѓународни еспорт настани, конференции и состаноци.

  • Развивање и спроведување на маркетинг и промотивни кампањи за подигање на свеста и поддршка за националните програми за еспорт.

 

Сите заинтересирани апликанти очекуваме да ни ги испратат своите биографии на [најави се за да го видиш е-маилот] . GG!

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »