
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА во Велес
- Објавен пред 2 недели
- Нептун Македонија
- Активен до 08.12.2019
- Позиција: Продавач/трговец
- Локација: Велес
НЕПТУН е дел од најголемата инвестициска групација на Балканот – Балфин Груп, распространета во земјите на Балканот и Југоисточна Европа со инвестиции од областа на малопродажба, недвижности, енергетика, туризам, образование, градежништво и банкарство. Со годишен обрт од 500 милиони ЕУР и 5.000 вработени во сите компании, Балфин Груп претставува влијателен и активен учесник во економскиот раст и развој во регионот.
Нептун Македонија претставува водечка и најголема малопродажна и дистрибутивна мрежа за производи од потрошувачка електроника, со повеќе од 20 годишно присуство на македонскиот пазар и над 400 вработени. Нашата уникатност, препознатлив имиџ и вредностите кои ги претставуваме се широко прифатени помеѓу потрошувачите.
Поради понатамошен развој на своите операции и проширување на тимот, распишуваме оглас за вработување на:
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
Со место на вршење на работните задачи во Велес (1 извршител)
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- ССС
- Поседување на одлични комуникациски и вештини за продажба
- Претходно работно искуство во продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема ќе се смета за предност
- Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer
- Познавањето на англиски јазик е пожелно
- Позитивен став, тимски дух, желба за учење и постигнување успех
Одговорности и работни задачи:
- Услужување на купувачите и продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема
- Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон
- Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба
- Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
- Континуирана обука и можност за напредување;
- Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања;
- Работа во смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник – сабота
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете ја Вашата кратка биографија на e-мail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: „Референт за продажба во Велес“ или преку пополнување на веб апликацијата.
Огласот е активен до 08.12.2019 година.