Келнер/ка и Шанкер/ка во SUSHICO

  • Објавен на 9.2019
  • ОРКА ХОЛДИНГ
  • Активен до 08.09.2019
  • Позиција: Келнер/Шанкер/Хотелиер
  • Локација: Скопје

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
ОК РЕСТОРАНТС & БАРС ДООЕЛ  - SUSHICO
Ул.„Аминта Трети“ Бр.29 - Скопје

Работно место: Келнер/ка – 2 (два) Извршители и Бармен-Шанкер/ка – 1 (еден) Извршител
Оддел за Угостителство
Првично со Договор за вработување на определено време на 3 месеци

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/вештини за работното место
Услови:
- Завршено средно или високо образование
- Искуство во делот на угостителство (ресторантско работење)
- Познавање на англиски јазик
- Вештина за комуникација со гости
- Тимска работа

Работни задачи:

Келнер/ка
Ги послужува и комуницира со гостите во ресторанот, врши продажба на јапонска, тајландска и кинеска храна и пијалок од менито на ресторанот, врши и други работи и работни задачи од делокругот на Оддел за Угостителство по налог на директорот и насоки од менаџментот.

Бармен-Шанкер/ка
Одговорен за функционалноста на шанкот, врши прием на нарачки од келнери и подготвува пијалоци (алкохолни и безалкохолни) според утврдени стандарди и рецепти, прави миксови за коктели, врши и други работи и работни задачи од делокругот на Оддел за Угостителство по налог на директорот и насоки од менаџментот.

Способности и вештини:
Комуникациски вештини и висока работна етика, способност за тимска и самостојна работа, способност за следење на компаниската политика и процедури на работење, проактивен пристап, точност и аналитичност,

Вашата биографија (CV) можете да ја  пратите електронски на  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака - Оглас за Келнер/ка или Бармен-Шанкер/ка во ОК Ресторантс & Барс ДООЕЛ- SUSHICO.

Работа во смени.

Предвидената основна почетна нето плата  во висина од  24.000,00 денари со можност за преговарање за поголема, во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Оддел за Човечки ресурси 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »