Офицер за усогласеност/ правник

Офицер за усогласеност/ правник

Компанијата Екоцентар 97 активно се занимава со управување на отпад повеќе од 20 години и денес е една од водечките компании во регионот. Нашата дејност вклучува управување со отпад од метали, електронски отпад и опасен отпад. Во моментов, имаме отворена позиција за Офицер за усогласеност (правник). Искуството е приоритет во однос на останатите квалификации.

Опис на работно место

  • Подготовка на договори на англиски и македонски јазик;
  • Да обезбеди усогласеност со законите релевантни за дејноста на компанијата, како и континуирано следење на измени во законите;
  • Подготовка на правни акти (тужби, одлуки, правилници, решенија и сл.);
  • Друга административна работа (подготовка на формулари, извештаи и сл.).

Професионални квалификации

  • завршено високо образование (дипломиран правник);
  • претходно работно искуство од минимум 3 години;
  • одлично познавање на англискиот јазик;
  • познавање на Microsoft Word и Microsoft Excel;
  • познавање на Закон за трговски друштва и Закон за облигационите односи;
  • предност доколку имате познавање на Законот за Управување со Отпад,  други поврзани национални и меѓународни закони и правилници, но не е задолжително;

Други вештини и способности

  • проактивност, експедитивност и темелно завршување на работните задачи;
  • добри комуникациски и организациски способности.

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување на договорот на неопределено. Постои можност за напредување и бонус во зависност од перформансот.

Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа на ден. Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Доколку ги имате потребните квалификации, пратете ни CV со кратката биографија, диплома за завршено образование и копијата од дополнителни сертификати (доколку има) на следната електронска пошта contact@ekocentar97.com, со назнака “За позиција офицер за усогласеност”.

 

Времетраење на огласот 15 дена од денот на објавата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »