МАГАЦИНСКИ РАБОТНИЦИ - 3 извршители

  • Објавен пред 3 месеци
  • Нептун Македонија
  • Активен до 23.05.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Активни огласи од Нептун Македонија:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА-СТРУМИЦА

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, најголемиот регионален малопродажен ланец за техничка стока, за потребите на својот современ и модерен логистички центар во општина Илинден, распишува оглас за вработување на:

МАГАЦИНСКИ РАБОТНИЦИ

-3 извршители-

Потребни квалификации и вештини: 

  • ССС;
  • Претходно работно искуство со магацинско работење; 
  • Искуство со употреба на бар-код читачи;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија

Опис на работни задачи:

  • Прием и складирање на производи и материјали, прием на налози за испорака, подготовка на производи за испорака
  • Извршува навремена и квалитетна испорака (утовар) од централен магацин,  на стоки за продажба на купувачите
  • Ги сортира и сместува производите и материјалите во царинскиот склад или главниот магацин согласно стандардите на организацијата и царинските закони
  • Сортирање и припрема на робата за испорака, согласно документацијата
  • Учествува во физички попис на залиха
  • Одржува безбедна и чиста работна средина преку одржување на хигиена во магацините и локациите за складирање и испорака

 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во современо опремен магацин;
  • Нето плата: 18.000ден.
  • Додатоци и бенефиции обезбедени од страна на компанијата
  • Работа во 2 смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник - сабота

Доколку сте заинтересирани за некоја од бараните работни позиции, а воедно го поседувате потребното работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: „Оглас за магационер“ или директно преку пополнување на веб апликацијата.

Огласот е активен до 23.05.2019 година.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
КЛИКНИ