Маркетинг координатор

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Нептун Македонија:

Референт за продажба во Битола

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, најголемиот регионален малопродажен ланец за техничка стока, поради зајакнување и развој на маркетинг секторот, распишува оглас за вработување на:


Маркетинг координатор - со место на вршење на работните задачи во Скопје – 2 позиции

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  •  Степен и вид на образование: ВСС (предност маркетинг, е-бизнис);
  • Минимум 2 години релевантно работно искуство;
  • Искуство  во  дигитално рекламирање, онлајн комуникација и активности  на социјалните медиуми;
  • Одлично познавање на работа со MS Office;
  • Одлично познавање на Англискиот јазик (усно и писмено);
  • Добри комуникациски вештини;
  • Систематичност, организираност, иницијативност;
  • Флексибилност, креативност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија;
  • Способност за работа под временски притисок и истовремена координација на повеќе проекти.

 

Одговорности и работни задачи:

  • Собирање понуди и комуникација со медиуми за маркетинг активности организирани од страна на компаниите Нептун и Неп Лојалити;
  • Креирање буџети и концепти со канали за комуникација на маркетинг активности;
  • Планирање, осмислување и реализација на дигитални маркетинг кампањи како поддршка за промоција на услугите и производите кои ги нудат компаниите;
  • Искуство со работа на платформите: Google AdWords, Google Analytics и Facebook Ads Manager;
  • Пожелно е искуство со огласување на локални веб портали;
  • Е-маил и Мобилен маркетинг;
  • Контент маркетинг;
  • Анализа и мерење на перформанси на активностите реализирани преку комуникациските канали;
  •  Разбирање и толкување на резултатите од дигитални кампањи и нивно презентирање во форма на извештај;
  • Координaција со oдделот за управување со продукти во Нептун и партнерите трговци во мрежата на Неп Лојалити и прибирање информации потребни за изработка на материјали за потребите на кампањите како и координација и контрола при изработка на истите;
  • Координaција со локални и странски добавувачи;
  • Доставување информации до продавниците за и околу промотивните активности, координирање на дистрибуцијата на промотивните материјали до продавниците;
  • Учество во дизајн и администрирање на веб-страната на Нептун и Неп Лојалити во консултација со систем и веб администраторот.

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оглас за маркетинг координатор“.

 

Огласот е активен до 07.02.2018година.

 

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот),
  • Назнака на позицијата за која се аплицира.
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »