Административен работник

За компанијата: „Мебел Ацевски“ е македонска фирма, со визија да го подобри квалитетот на просториите за живеење, канцелариските и јавни простории. Секој производ е резултат на долг процес на проектирање, со цел да се... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2021
  • Мебел Ацевски
  • Активен до 14.12.2021
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје
  • Веб: mebelacevski.com

Активни огласи од Мебел Ацевски:

Хигиеничар/ка

Потребни квалификации:

- Високо образование се смета за предност 
- Работно искуство во полето на книговодствено/ финансово работење во времетраење од најмалку 5 години.
- Познавање на административно-финансиски  работи  и материјално книговодствените принципи во  пракса
- Познавање на работа на компјутер (МS office апликациите, а посебно Word и Excel)

Опис на работата

-          Водење на материјално и финансиско книговодство
-          Изготвување на излезни фактури

-          Евиденција на влезни фактури
-          Kнижење на работни налози
-          Контрола и евиденција
на исправноста на  влезно излезните документи
-          Архивирање

-          Познавање и пратење на актуелните прописи , законски измени од работни односи
-          Евидентирање на документите/ влезни и излезни фактури /и нивно педантно архивирање
-          Припрема на различни видови анализи,
документација за учество на тендери, прегледи, компензации, цесии, салдирање на картици со комитенти
-          Салдирање на картици со комитенти
-          Асистирање во припрема на различна документација,
изготвување на договори со фирми, и координација во  работата при инспекциски контроли
-         Секојдневна координација и  блиска соработка со сметководство и грижа за предметите на клиентите;
-         Водење  за персоналните досиеа на  вработени  -
Одјава / пријава на вработени;
-         Архивирање на документи и грижа за архивското работење
-         Прием на пошта-евидентирање и
 архивирање, дистрибуирање;
-         Административна подршка во работењето (подготвување и доставување на известувања,
дописи , барања и сл.).

Клучни потребни квалитети:

Организираност, прецизност,  одговорност, тимска работа, ажурност, лојалност, интерес и посветеност кон работата.

Пријавите треба да вклучуваат: кратко мотивационо писмо и биографија(CV) кои треба да се  испратат на меил:        [најави се за да го видиш е-маилот]             заклучно до 15.12.2021
 

* На разговор ке бидат повикани само кандидатите кои ке влезат во потесниот избор направен од страна на огласувачот.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »