Менаџер за продажба

За компанијата: МАНИ дооел е компанија со 30 годишно искуство во транспортната ладилна индустрија. Како официјален претставник на Carrier Transicold на своите ценети клиенти им нуди ладилни уреди од брендот Carrier, како... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 9.2022
  • Мани ДООЕЛ
  • Активен до 29.09.2022
  • Позиција: Менаџер/Директор
  • Локација: Струмица
  • Instagram: [email protected]

МАНИ дооел е компанија со 30 годишно искуство во ладилната индустрија. Како официјален претставник на Carrier Transicold ја покрива територијата на Македонија, Косово и Бугарија. Поради зголемениот обем на работа, компанијата има потреба од

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА на територијата на Република Северна Македонија и Косово

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Работа со постоечки клиенти и активно барање на нови клиенти
  • Унапредување на продажбите на ладилни уреди и резервни делови
  • Исполнување на продажните планови и поставените цели
  • Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите и трошоците за продажба
  • Активна потрага по нови сервисни партнери
  • Развој на постојната база на клиенти
  • Промоција на производи од компаниското портфолио
  • Подготовка на аналитички информации
  • Учество на саеми/изложби, маркетинг и корпоративни настани
  • Разгледување на трендовите на пазарот и маркетинг трендовите со цел да се следат комерцијалните таргети и да се овозможи раст на продажбата врз основа на информирани одлуки
  • Градење на клучни и долгорочни релации со нови компании
  • Креирање понуди и преговори со компании
  • Достигнување на продажни таргети на месечно, квартално и годишно ниво

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование од областа на Бизнис менаџмент или Маркетинг ќе се смета за предност
  • Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
  • Познавање на Албански јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на Англиски јазик
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Валидна возачка дозвола, Б категорија
  • Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање
  • Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност

 

Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Менаџер за продажба за Македонија и Косово. Компанијата го задржува своето право да ги контактира само најсоодветните кандидати во процесот на интервјуирање и селекција.

 

Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »