Специјалист за албански и српско-хрватски јазик

За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот... повеќе за компанијата »

Специјалист за комуникација на албански и српско-хрватски јазик

Агенција Рејтинг е специјализирана агенција за истражување на јавното мислење и истражување на пазарот, која веќе 15 години успешно работи на македонскиот пазар и пазарите во Европа.

Поради зголемениот обем на работа и нови проекти, отворени се две нови позиции:

  • Специјалист за комуникација на албански јазик
  • Специјалист за комуникација на српско - хрватски јазик

Задолжителни квалификации за двете позиции се одлично говорење на албанскиот, српскиот и хрватскиот јазик, соодветно (минимум ниво Ц1, сертификат не е задолжителен), солидно познавање на пакетот МС офис и работа со компјутер. 

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија на нашата емаил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] .

Со исполнување на условите, можноста за почеток со работа е веднаш.
Важно: Работното време е флексибилно во договор со одговорниот на проектот (се доаѓа еднаш неделно, се работи не повеќе од 2 часа дневно, независно кој ден од понеделник до петок). Исто така, работата се врши во просториите на нашата агенција (нема можност за работа од дома)

Искористете ја можноста да се  приклучите кон професионален и мотивиран тим, каде ќе се надградувате и напредувате во кариерата.

    

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »