Нотарски стручен соработник

Нотарската канцеларија на Нотар Фатмир Ајрули има потреба од Нотарски стручен соработник

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование – магистар по правни науки (300 ЕКТС) или дипломиран правник. 
  • Задолжително работно искуство во нотаријат вклучувајќи работа на оставински предмети, нотарски платни налози, нотарски акти, солемнизации, заверки вклучувајќи работење преку Мој нотар, системот на Агенцијата за катастар на недвижности и одлична комуникација со странки.
  • Одлични комуникациски вештини и тимска работа

Работното време започнува од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.

Работниот однос се заснова на неопределено време.

Кандидатите потребно е да достават кратка биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Рокот за аплицирање е до 29.04.2024 година.

Со доставување на кратката биографија, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Нотар Фатмир Ајрули за потребите на избор на кандидат за потребното работно место.

Ве очекуваме во нашиот тим!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »