Молекуларен биолог

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Нашиот клиент е компанија за производство на медицински производи кои внимателно се развиени за да се зачува и подобри здравјето на пациентот. Сите производни процеси во компанијата се спроведуваат во најсовремените капацитети. Тимот се состои од стручни и искусни професионалци кои користат индустриски стандардни практики за производство на висококвалитетни медицински производи доследно и сигурно.

Во одделот Истражување и развој, нашиот клиент има отворена позиција за:

МОЛЕКУЛАРЕН БИОЛОГ

Молекуларниот биолог ќе биде одговорен за обезбедување секојдневна поддршка во активностите поврзани со истражување во лабораторијата, да спроведува различни  експерименти, и да соработува во различни функционални области.

Одговорности:

  • Пишување на протоколи за одгледување, следење на процесот на одгледување и одобрување на промени во начинот на одгледување, врз основа на научни сознанија;
  • Подготовка на стандардни оперативни процедури согласно GACP и обука на операторите;
  • Водење записи за производни постапки, инструменти;
  • Извршување и завршување на бараните експерименти за истражување и развој на растението во тимска средина;
  • Претходно искуство во работа со растително ткиво/клеточна култура (асептички услови), подготовка на узорци, ракување со стаклени садови, чистење, автоклавирање и подготовка на медиуми; 
  • Претходно искуство во молекуларна биологија при истражување на растение, молекуларно клонирање, полимеразна верижна реакција, дизајн на подлога, векторска конструкција, секвенционирање, секвенцна анализа на податоци, електрофореза со гел, екстракција и пурификација на ДНК;
  • Работа со и одржување на лабораториска опрема/инструменти;
  • Одржување на лабораториската документација на високо-квалитетно ниво, во согласност со применливите регулаторни водичи, како и Стандардните оперативни процедури;
  • Документирање на резултатите од експериментите, анализирање на податоци, документирање и одржување на податоците за сериите, итн.;
  • Предлагање на иновативни методи на работење, како и подобрување на методите и процедурите со цел подобрување на работната ефикасност и примена на најнови технологии.
  • Развивање нови методи и работење со цел подобрување на ефикасноста на постоечките методи и поставените Стандардни оперативни процедури;
  • Асистирање при следење на употребата и залихите, одржување соодветна лабораторија;
  • Следење на технички достигнувања во областа на работа;
  • Изведување/Асистирање при испитување на експериментални резултати, дефекти на инструментите, и методолошки проблеми.

Потребни квалификации:

  • Потребно образование – M.Sc. (биологија на растенија, молекуларна биологија, фармација) со 1-2 години искуство, или B.Sc. (биологија на растенија, култура на ткива или молекуларна биологија) со 3-5 години работно искуство;
  • Потребно е најмалку две години работно искуство со биологија на растенија или молекуларна биологија и/или култура на ткива;
  • Претходно искуство во одгледување на растенија во внатрешни услови
  • Пожелно е искуство со валидација на методи, усогласување со норми и работни практики на GMP, пишување стандардни оперативни процедури;
  • Потребна е докажана способност за организирање и приоретизирање на работата со цел постигнување ефикасност при работењето;
  • Потребно е особено внимание на детали за секое извршување на задачите;
  • Докажана способност за ефикасна употреба на Microsoft Office пакетот.
  • Добро познавање на говорен и пишан англиски јазик.

Компанијата нуди:

  • Мотивирачки пакет на наградување и можност за професионален развој.

Доколку сте заинтересирани и мотивирани за оваа можност, ве молиме испратете го вашето CV на англиски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за Молекуларен биолог најдоцна до 21/01/2022. Сите апликации ќе се разгледуваат во строга доверливост. Само кандидатите од потесниот круг ќе бидат контактирани за дополнителни интервјуа. За какви било прашања што може да ги имате, слободно контактирајте со Executive Search Consulting на (02) 2700-425.

Со аплицирање за оваа позиција, нè овластувате да ги чуваме вашето CV и лични информации во нашата база на кандидати, овозможувајќи ни да ве контактираме за потенцијално релевантни позиции. Доколку не сакате вашето CV да биде зачувано во нашата база на податоци на кандидати, ве молиме наведете го тоа во вашата е-пошта.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »