За компанијата: Најсовремна печатница во Македонија, специјализирана во високо квалитетен печат.
повеќе за компанијата »Картнер М има потреба од работник во печатница на машина за доработка на самолепливи етикети. Се бараат личности кои ќе се вклопат во брзорастечка и водечка фирма со исклучително професионален и динамичен тим составен од млади луѓе. Вработените ќе работат на најсовремени и единствени машини во Македонија.
Вработениот треба:
- Одговорно и професионално да си ја извршува работната должност.
- Да се вклопи во динамична работна атмосфера.
- Работно искуство не е задолжително, само работно искуство во печатница ќе се сметка како предност.
Опис на работата:
- Доработка на високо квалитетни самолепливи етикети во ролна за различни индустрии.
- Понеделник - Петок / 07:00 - 15:00 или 15:00 - 23:00 (втора смена секоја втора недела)
- Локација: Улица Горно Лисиче 197, Скопје.
- Плата: По договор, во зависност од квалификациите. Можности за напредок и покачувње.
Сите заинтересирани кандидати да испратат CV на следниот маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »