За компанијата: „Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот....
повеќе за компанијата »АД ЕВРОПА Скопје го зајакнува својот маркетинг тим на успешни професионалци во Секторот за развој на продукти, CRM и маркетинг и Ви нуди можност за професионален развој и работа во динамична средина.
УЛОГА ВО ТИМОТ:
- Подготовка и следење на маркетинг план и комуникациска стратегија;
- Подготовка на маркетиншки кампањи за лансирање на нови и промовирање на постоечки производи и услуги, како и избор на соодветни канали за комуникација за различни сегменти и таргет групи;
- Приспособување и следење на стандардите за визуелна комуникација и графички имиџ на брендот;
- Координација на работата со надворешни изведувачи во областа на маркетинг;
- Истражување на пазарот, следење и анализа на активностите на конкуренцијата и светските трендови
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Универзитетско образование
- Минимум две години работно искуство во областа на маркетинг
- Креативно и иновативно размислување
- Напредни комуникациски и организациски вештини
- Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
Работно време од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 часот.
Редовни месечни примања и платен оброк.
Можности за кариерен напредок во компанијата.
Сите заинтересирани можат да аплицирираат преку копчето АПЛИЦИРАЈ или на мејлот: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »