Специјалист за корисничка поддршка на англиски јазик - Охрид

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Зборуваш англиски јазик и сакаш да работиш од нашата канцеларија во Охрид? Тогаш можеби ова е совршената работна позиција за тебе! Станува збор за проект во областа на излезни повици кон постоечките клиенти за еден од нашите странски клиенти чија примарна дејност е поврзана со прехрана и комплетна достава на намирници кои се нарачани од страна на потрошувачите со цел олеснување на нивните секојдневни кулинарски активности. За овој проект е предвидена интересна и динамична обука, а развојот на комуникациските вештини е загарантиран!

Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата од 36.900 денари

  • Работа од понеделник до петок со слободни викенди

  • Попладневна смена од 17:00 до 01:00 часот

  • Платена обука

  • Можност за професионален напредок и развој

  • Секојдневна примена на англискиот јазик и можност за негово усовршување

  • Пријатна работна атмосфера и тимски дух

  • Бонуси врз основа на постигнатите перформанси

  • Бонуси за препораки за вработување

Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка на англиски јазик за работа од нашата канцеларија во Охрид!

  • Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување
  • Секојдневно ќе комуницираш на англиски јазик со корисниците на услугите кои ги нуди компанијата обидувајќи се да го подобриш нивното корисничко искуство
  • Ќе имаш целосна поддршка од својот тим лидер како и од останатите членови на тимот

Како знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим?

  • Одлично зборуваш и пишуваш на англиски јазик
  • Живееш во Охрид и можеш да работиш од нашата канцеларија во Охрид (за оваа работна позиција предвидена е работа од нашата канцеларија во Охрид која се наоѓа во центарот на градот)
  • Заинтересиран си за работа исклучиво втора смена
  • Можеш веднаш да започнеш со работа 
  • Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето
  • Тимски играч си и уживаш во динамично окружување
  • Имаш желба за запознавање на различни култури
  • Имаш основни познавања од работа на компјутер

Доколку си заинтересиран/а и сакаш да дознаеш нешто повеќе, аплицирај веднаш на следниов линк: https://cityconnectnorthmacedoniatranscom.recruitee.com/o/skopje-161

Само апликациите добиени преку линкот за апликација ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »