Оператор на рударска опрема

За компанијата: МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Мермерен Комбинат АД Прилеп има потреба од ОПЕРАТОР НА РУДАРСКА ОПРЕМА  - 7 извршители на определено време

ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:

  • КВ/ ССС
  • Со работно искуство - мин. 6 месеци

ГЛАВНА  ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА

Експлоатација на мермерна минерална маса со користење производна опрема присутна во технологијата за експлоатација на мермерна минерална маса (дијамантска жичана пила, каменорезачка ланчана пила и/или мобилна каменорезачка пила (терна), дупчачка машина, мала утоварна машина – capelin, машина перфора )

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА

•              Работи на експлоатација на мермерна минерална маса.

•              Ракува со опрема за експлоатација на минерална маса со која е обучен (дијамантска жичана пила, каменорезачка ланчана пила и/или мобилна каменорезачка пила (терна), дупчачка машина, мала утоварна машина – capelin, машина перфора).

•              Врши обезбедување на теренот при минирање и промага при процес на минирање.

•              Помага при монтажа, демонтажа и преместување на помпните линии во рудникот.Врши преместување и транспорт на шини, црева, кабли и дијамантски жичари.

•              Врши детално чистење на површините до ламелите за мермерните блокови.

•              Одговорно и внимателно ракува со машините за сечење  на мермерна минерална маса во кои спаѓаат дијамантски жичани пили, машини перфора и фантини машини.

•              Ја контролира брзината на сечење како и постојано мора да е присутен и да ја следи машината во текот на нејзиното работење.

•              Врши сечење на мермерна минерална маса со дијамантска жичана пила, врши бушење на мермерена минерална маса со бушачка машина  и друга производна опрема за сечење и бушење присутна во технологијат за експлоатација на минерлна мермерна маса.

•              Врши прецизно бушење на мермерна минерална маса за добивање на правилни комерцијални блокови во согласност со налогот за работа.

•              Врши отворање на резови и ја користи пумпата за јастаци.

•              Врши нивелирање, прицврстување и сечење на мермерна минерална маса со вископродуктивни машини и друга производна опрема за сечење присутна во технологијата за експлоатација на мермерна минерална маса.

•              Врши отворање на резови со пумпа за лимени јастаци.

•              Доколку ракува со каменорезна машина (фантини) треба да внимава на брзината на сечење со ланец на каменорезната машина, нивото и притисокот на хидрауличното масло, количината на товатна маст за подамчкување на бесконечниот синџир, правилно поставување на машината и сл.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Тимски ориентирана личност,
  • Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
  • Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
  • Професионалност во работењето.

ШТО НУДИМЕ:

  • Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа.
  • Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
  • Конкурентен пакет за наградување

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака апликација за работно место “Оператор на рударска опрема”.

Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати.Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »