КОМЕРЦИЈАЛИСТ CASH & CARRY

  • Објавен на 9.2017
  • ЕНЕА ДОО
  • Активен до 29.09.2017
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Тетово

ЕНЕА Д.О.О - една од најбрзорастечките компании за продажба и дистрибуција во FMCG индустријата постојано работи на градење на квалитетен и успешен тим на професионалци. Работејќи со висококвалитетни и конкурентни производи за широка потрошувачка,  ЕНЕА Д.О.О создава успешна приказна и континуирано им овозможува избор и квалитет на купувачите.

Заради проширување на својот тим на професионалци, ЕНЕА Д.О.О има потреба од вработување на искусен, амбициозен и посветен на работата кандидат/ка за следнава позиција:

 

КОМЕРЦИЈАЛИСТ  CASH & CARRY

За регион  Тетово  , Гостивар и околина.

Обврски и одговорности:

  • Продажба и дистрибуција на производите до комитентите
  • Подготување на транспортот за на терен

 

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование, високо образование ќе се смета за предност
  • Задолжително претходно работно искуство во комерција и/или продажба
  • Искуство во работа со компјутер или таблет
  • Возачка дозвола    C- категорија

Личен профил

  • Одлични комуникациски, презентациски и убедителни вештини
  • Способност за преговарање
  • Лојалност, иницијативност
  • Способност за тимска работа 
  • Претставителнос и позитивен став
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти
  • Флексибилност за работа на терен

 

ЕНЕА Д.О.О нуди пријатна работна атмосфера, можности за напредок, надградување на искуствата со можност за бонуси и награди. Плата до 30.000,00 денари која зависи од остварувањата во продажбата.

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Апликација за комерцијалист”.

Краен пок за пријавување е 30/09/2017.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »