Менаџер за односи со клиенти

  • Објавен на 5.2021
  • МГС Деливери
  • Активен до 02.06.2021
  • Позиција: Менаџер/Директор
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 15001
  • Веб: www.mgs.mk

Работни задачи:

  • Анализа на потенцијални клиенти;
  • Идентификување на потребите на клиентите, нивно ниво и фокус;
  • Пребарување на клиенти;
  • Спроведување на состаноци со заинтересирани клиенти и преговори  со клиенти;
  • Одржување на постојан контакт со постојните клиенти;
  • Планирање на комуникација со нови потенцијални клиенти на месечно, квартално и годишно ниво,
  • Предлага акции, проекти и други активности со цел достигнување на планирана продажба/активност за развивање на мрежата на клиенти и одржување на постојните;
  • Подготовка на месечен/неделен рутинг план;
  • Блиска комуникација со менаџмент и тим;
  • Изготвува извештаи за продажба/активност и анализа на пазар;
  • Разгледува и конфирмира неделни планови; неделни пресеци, подготвува неделни состаноци
  • други работи по опис на работно место.

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование; 
  • Флексибилност за работа ;
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти;
  • Професионално однесување;
  • Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност;
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Позитивен однос кон промени;
  • Работа и познавање од компјутери; 
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија;

  Плата: 24.000,00 денари + бонус

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.

МГС - ТВОЈА ПОШТА е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »