Електричар

Активни огласи од Друштво за производство на акумулатори ТАБ МАК:

Главен сметководител - Сметководител/Материјален книговодител

За компанијата: Друштвото за производство на акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е една од водечките компании во североисточниот регион на Република Северна Македонија. Работи успешно, гарантира долгорочна стабилност. ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е општествено одговорна коомпанија која се грижи за чиста и безбедна работна средина според европски стандарди (ISO 14001, ISO 9001). ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип поради зголемување на производствениот капацитет, има потреба од проширување на својот тим и распишува оглас на следниве работни позиции

                                                              ЕЛЕКТРИЧАР

Опис на работно место:

  • Решавање и отстранување на дефекти на машини
  • Превентивно одржување
  • Преглед на електрични шеми и техничка документација
  • Демонтажа и монтажа на електронски уреди и машини
  • Проследување на податоци за дефекти до претпоставени
  • Предлози за намалување на дефекти
  • Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа

Квалификации:

  • Средна стручна спрема
  • Со или без работно искуство
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност

Компанијата нуди:

  • Редовни месечни примања
  • Надоместок за најголем можен неоданочен регрес (2023 исплатен 39.000,00 денари)
  • Новогодишен паричен бонус во зависност од резултати (2023 исплатен 30.500,00 денари)
  • Дополнително пензиско осигурување
  • Приватно здравствено осигурување
  • Обезбеден топол оброк
  • Обезбеден превоз
  • Новогодишен подарок за секој вработен
  • Роденденски подарок за секој вработен
  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Чиста и безбедна работна средина според европските стандарди
  • Најдобра ХТЗ опрема
  • Работа во смени (работа во трета смена, работа во недела и празнични работни часови се плаќаат дополнително, согласно законската регулатива на Р.С.Македонија)

Доколку ги исполнувате условите, имате претходно искуство или верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија (CV) на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , или лично во просториите на ТАБ МАК, на ул. Македонски револуционери бр.50, Пробиштип, најдоцна до 23.06.2024 година, со назнака за позиција за која се аплицира

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »