ДОСТАВУВАЧ - Битола

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

НЕПТУН е дел од најголемата инвестициска групација на Балканот – Балфин Груп, распространета во земјите на Балканот и Југоисточна Европа со инвестиции од областа на малопродажба, недвижности, енергетика, туризам, образование, градежништво и банкарство. Со годишен обрт од 500 милиони ЕУР и 5.000 вработени во сите компании, Балфин Груп претставува влијателен и активен учесник во економскиот раст и развој во регионот.

 

Нептун Македонија претставува водечка и најголема малопродажна и дистрибутивна мрежа за производи од потрошувачка електроника, со повеќе од 20 годишно присуство на македонскиот пазар и над 400 вработени. Нашата уникатност, препознатлив имиџ и вредностите кои ги претставуваме се широко прифатени помеѓу потрошувачите.

Поради понатамошен развој на своите операции и проширување на тимот, распишуваме оглас за вработување на:  

 

ДОСТАВУВАЧ

Со место на вршење на работните задачи во Битола

 

Потребни квалификации и вештини: 

  • ССС;
  • Задолжително е поседување на возачка дозвола Б категорија   
  • Искуство со управување на лесно товарно возило
  • Пожелно е претходно работно искуство во испорака на производи до крајни потрошувачи

  

Одговорности и работни задачи:

  • Навремена и безбедна испорака на производи до крајни потрошувачи
  • Контрола и распоредување на трговска стока за достава во возилото, согласно дадените насоки и документација
  • Достава на трговска стока до крајните потрошувачи
  • Одговорен за утовар и истовар на трговската стока од/во возилото
  • Истовар на трговската стока при прием на стоката во продавница
  • Води евиденција за доставите
  • Работи во потполна согласност со законска регулатива од областа на сообраќајот
  • Известува за дефекти, инциденти или прекршоци во сообраќајот

  

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Обезбедени се потребните средства и услови за работа од страна на компанијата
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно ги поседувате потребните квалификации, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: “Доставувач во Битола” или директно преку веб апликацијата.

Огласот е активен до 15.09.2019 година.

 

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »