Раководител на малопродажба

За компанијата: B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија. повеќе за компанијата »

Активни огласи од b watch 1920:

Асистент за продажба Скопје

Оглас за Раководител на малопродажба

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на својот тим.

Потребни ни се кандидати кои се докажани ескперти во својата област и ги поседуваат неопходните вештини за успешно продолжување на својата кариера во нашиот искусен тим.

Краток опис на работните задачи и одговорности:

  • Креирање и имплементација на таргети
  • Испорачува месечен/квартален план за продажба према извршен менаџер
  • Продажни активности во салон
  • Управување со внатрешни состаноци во салон и креирање на извештаи од истите
  • Планирање и подготовка за набавка на роба
  • Транспорт на роба од магацин/канцеларија во продажни салони
  • Мотивација, унапредување на знаењето и грижа за секој вработен во малопродажба, поединечно и/или во тимови
  • Посета на саеми, конференции и настани
  • Управување со жалби и поплаки
  • Остнати задолженија дадени од извршен директор

Потребни квалификации:

  • Задолжително работно искуство во областа на малопродажба, цени, управување и продажба на одреден вид на производи
  • Посакувано завршено високо образование – Бизнис - Менаџмент – Економија
  • Работно познавање на потребите на потрошувачите, практики за купување, продажни цели и малопродажна околина
  • Менаџерски вештини, вештини за аналитика и малопродажба, како и вештини за односи со луѓе
  • Одлични комуникациски вештини,писмени и вербални
  • Посветеност и одговорност кон задачите, одговорностите и работата
  • Флексибилност кон работното време за период кога обврските го наложуваат тоа
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Одлично познавање на Office пакетот
  • Желба за понатамошно учење и развој
  • Совесност, одговорност и самомотивираност.

Потребна документација:

  • CV не постаро од 6 месеци
  • Пријавено соодветно образование во агенцијата за вработување
  • Останати сертификати од неформално образование би се сметале за предност

Ние нудиме/ Вие добивате:

  • Мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни
  • Можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област
  • Средина која овозможува на своите вработени да растат паралелно со растот на b watch 1920

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 . Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Ве покануваме доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 20.06.2022 на  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “За работна позиција – Раководител на малопродажба”.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »