СБДМК ДООЕЛ лого

Магацински Работник ( DeWALT, Black+Decker, Stanley, Irwin )

За компанијата: СБДМК ДОО е фирма која веќе 27 години успешно работи во Р. Македонија. Ние сме увозници, дистрибутери и сервисери на брендовите DeWALT, Black&Decker, Stanley, Irwin, Knipex, Annovi Reverberi и Awelco во... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 6.2020
  • СБДМК ДООЕЛ
  • Активен до 26.06.2020
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.sbd.mk
  • Facebook: линк

МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК

СБДМК е фирма која веќе 23 години успешно работи во Р. Македонија. Ние сме ексклузивни увозници, дистрибутери и сервисери на реномираните светски брендови за рачен и електричен алат Black&Decker, DeWALT, Stanley и Irwin во Македонија.
Имаме потреба од магацински работник со следниве работни задачи.

Работни задачи и одговорности:

  • Прием на роба во магацин - истовар и редење.
  • Декларирање и опрема на стоката со гарантен лист и упатство.
  • Подготовка на роба за сите продажни сектори во фирмата - утовар во возила.
  • Материјална евиденција на приемни и излезни документи.
  • Одржување на ред, организираност и хигиена во магацинот.
  • Помош во малопродажба.
  • Администрација поврзана со позицијата и обврските.

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование IV степен.
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
  • Познавање од областа на електричен и рачен алат ќе се смета за предност.
  • Основно познавање на MS Office пакетот.
  • Задолжително основно познавање на Англиски јазик.
  • Возачка дозвола Б категорија.

Дополнителни информации:

  • Кандидатите кои ги исполнуваат условите, своите професионални биографии CV, можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака ( Магацински работник ).
  • Крајниот рок за аплицирање е 28/06/2020 година.
  • Ве молиме без телефонски јавувања.
  • Вработувањето е на неопределено време со три месечен пробен период. Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »