Сметководител

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Биди дел од нашиот тим

позиција: СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

локација: Скопје                                                                           активен до: 11/12/2022

 

Нептун Македонија е во потрага по Сметководител кој ќе биде задолжен за прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водeње трговски/деловни книги и финансиски извештаи, контролирање на целокупната влезно-излезна документација почитувајќи ги законските прописи врзани за сметководството. Правилно и ажурно книжење на добиената документација, проверка на аналитички картички. Усогласување на книговодствената документација, како и усогласување на материјалното книговодство со финансиското.

Целта е да се придонесе за целокупното ефикасно работење на одделот, а со тоа и остварување долгорочен успех на компанијата преку носење правилни одлуки.

 

Потребни квалификации:

  •    ВСС, Економски факултет

  •    Минимум 2 години искуство во сметководство

  •    Добро познавање на меѓународните сметководствени стандарди и на македонската сметководствена регулатива

  •    Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен) и MS Office програмите

  •    Високо ниво на одговорност, способност за запазување детали и организираност

  •    Позитивен став и тимска ориентација

Доколку си вешт со бројки и внимаваш на детали, а сметководството е твоја определба, те покануваме да аплицираш и да станеш дел од нашиот успешен професионален тим!

ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!

 

Нашата компанија нуди:

  •       Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа

  •       Работа со тим на професионалци

  •       Можност за развој и напредување

  •       Работно време: понеделник-петок; 7:30/08:30 – 15:30/16:30часот

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »