Модниот бренд БЕЛЛА вработува лице во продажните салони на БЕЛЛА во Сити Мол и ГТЦ за работна позиција продажен асистент.
Директна комуникација со клиентите, презентација на производите и нивните бенефити, познавање на материјалите и презентација на нивните карактеристики, продажба, прием на роба, организација на магацинскиот продажен простор. Пожелно е кандидатот да има претходно работно искуство во продажба и работа со фискален апарат и компјутер.
Веќе докажани како македонски бренд кој успешно опстојува повеќе од 25 години на нашиот пазар, имаме потреба од сериозен кандидат кој ќе го претставува нашиот бренд достојно, ќе биде одговорен и посветен на работата.
Ги охрабруваме сите позитивни и комуникативни кандидати да се пријават на огласот и да го пратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] .