Продажен асистент

За компанијата: Врвни светски брендови со внимателно осмислени креации. Уживајте во секој мал момент. https://www.instagram.com/momandbabe_/ https://www.facebook.com/momandbabemk повеќе за компанијата »

Mom & Babe продавница за производи за бебиња и деца има потреба од тројца продажни асистенти.

Ги повикуваме кандидатите кои имаат искрена љубов кон најмладите, како и искрен интерес и желба да навлезат во дејноста и да ги научат спецификите на врвните брендови и производи за бебе, безкомпромисни во поглед на квалитетот, комфорот и функционалноста, а секогаш со најмладите во својот примарен фокус.

Опис на работното место:
- Услужување на купувачите во склад со стандардите на брендот
- Вложување труд за достигнување на месечни и квартални цели и таргети во продажбата

- Прием и изложување на робата по правилата на брендот
- Следење на асортиманот и залихите
- Водење на пропратна документација
- Работа на каса

Кандидатите задолжително треба да поседуваат:
- Комуникативност, отвореност, љубезност, способност за препознавање на потребите на клиентот и поврзување со него
- Способност да се работи во динамично окружување
- Одговорност и организираност во работата

Пожелно (но не и пресудно) е кандидатите да имаат исто или слично искуство во работа со клиенти, посебно во секторите мода, модни додатоци или луксузни производи.

Нудиме конкурентна почетна плата, плус месечни бонуси во однос на остварени таргети.

Работните услови опфаќаат 40 работни часа неделно со работа во смени.

 

Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавување.
Испратете ја Вашата кратка биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »