БЕЛА е докажан македонски бренд кој успешно опстојува повеќе од 25 години на нашиот пазар и кој има сопствено производство за висококвалитетна женска облека. Креираме модерна облека за деловни жени, која се карактеризира со префинет стил и безвременска вредност. Во моментов постојат три продажни салони на БЕЛА во Скопје.
Отворена е работна позиција за продажен асистент, во продажниот салон на БЕЛА во СИТИ МОЛ.
Потребни квалификации: претходно работно искуство во продажба, како и работа со компјутер и фискален апарат.
Работни задачи: директна комуникација со клиентите, презентирање на производите и нивните бенефити, презентирање на составот на матеирјалите и нивните карактеристики, директна продажба, прием и пренос на роба, наплата, организирање на изложбениот и магацинскиот простор.
Испратете го Вашето CV на: [најави се за да го видиш е-маилот] .mk