
Плата до 60.000 ден.
За компанијата:
Владимир Бошњаковски е основач и управувачки партнер на фирмата и дел од новата генерација македонски адвокати кои ја изградиле својата кариера во интернационализирана правна и бизнис средина. Со повеќе... повеќе за компанијата »

ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ – АДВОКАТ
Адвокатската канцеларија Бошњаковски е адвокатска канцеларија со седиште во Скопје, со изразен фокус на работа со меѓународни компании, инвеститори и индивидуални клиенти.
Во моментов објавуваме повик за една позиција: правник со положен правосуден испит или адвокат со лиценца.
Нашата работа е фокусирана во неколку комплементарни области:
- Деловно и трговско право, каде што советуваме компании кои работат во сектори како што се ИТ и технологија, финансии, градежништво, развој на недвижности и други стопански дејности. Во оваа област работиме на договори и преговори, корпоративни и регулаторни прашања, лиценцирање, трудово право, заштита на лични податоци, интелектуална сопственост, финансиско право и прашања поврзани со даноци.
- Меѓународно граѓанско право, во рамки на кое застапуваме странски физички лица и припадници на дијаспората во постапки поврзани со наследство, развод, старателство, државјанство и други прекугранични семејни и граѓанско-правни прашања.
- Миграционо право, каде што работиме за познати глобални корпорации, но и индивидуални инвеститори и дигитални номади во постапки за добивање дозволи за престој и работа.
Тоа што нудиме е:
- професионална и поддржувачка средина, во рамки на млад, мотивиран и искусен тим.
- култура која вреднува одговорноста, самостојноста и интелектуалната љубопитност.
- јасно дефиниран пат за станување на адвокат како партнер во нашата канцеларија (partnership track), при што кандидатите постепено ќе се развиваат не само како правници, туку и како дел од долгорочната деловна стратегија на канцеларијата.
- конкурентна плата и денови за одмор над законскиот минимум.
Кандидатите кои аплицираат треба да ги исполнуваат следните услови:
- Адвокатски лиценца или минимум положен правосуден испит
- Најмалку две години работно искуство
- Одлично познавање на англискиот јазик
- Познавање на други јазици
- Силна мотивација за личен напредок
Заинтересираните кандидати се поканети да достават биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »