Професор(-ка) по германски јазик

Јазичниот центар „Лексикон“ од Скопје (населба Илинден) има потреба од професор(-ка) по германски јазик. Работниот ангажман опфаќа околу 10 часа неделно (неполн фонд). Доколку сте заинтересирани за ангажманот, испратете ни куса биографија напишана на македонски и на германски јазик најдоцна до 5 септември 2017 година на [најави се за да го видиш е-маилот] .

 

Што добивате како вработени во ЈЦ Лексикон?

  • пријатна и мотивирачка работна средина
  • редовна плата
  • обука и менторство за држење настава според стандардите на јазичниот центар
  • можности за постојано надградување (посета на стручни обуки и семинари)

 

 

 

Потребни квалификации:

- Завршено високо образование или последна година на студии на филолошки факултет;

- Со или без претходно работно искуство;

- Исклучителна креативност и способност за работа со деца;

- Одговорна, самоиницијативна и мотивирана личност со одлични организациски способности;

- Компјутерска писменост.

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »