ФЕНИКС Фарма како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија за лекови во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесува за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.
Доколку сте прилагодливи, амбициозни, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
ТЕРЕНСКИ СОРАБОТНИК
за северозападен регион на Македонија
Обврски и одговорности:
-
Воспоставување, одржување и грижа за односите со аптеките
-
Одговорен за продажбите во регионот, остварување на месечни/годишни планови за продажба
-
Наплата на побарувањата
- Анализа на пазарот и изготвување на извештаи
Потребни квалификации, вештини и способности:
-
Факултетско образование: дипломиран фармацевт/магистер по фармација, доктор по стоматологија или економист
-
Одлично познавање на албански јазик
-
Искуство во теренска продажба ќе се смета за предност
-
Познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б категорија
Работниот однос за позицијата првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Работното време е од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Рокот за пријавување е 7 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.