Фондација за менаџмент и индустриско истражување лого

Специјалист/ка за комуникации и маркетинг

Фондација за Менаџмент и индустриско истражување (www.mir.org.mk) има потреба од вработување на Специјалист/ка за комуникации и маркетинг кој/а ќе се приклучи на тимот и ќе работи на подобрување на видливоста на работата на Фондацијата.

Описот на работните задачи и потребните квалификации и вештини за оваа позиција може да ги најдете во прилог на огласот:

Опис на работни задачи/Одговорности на Специјалистот/ката за комуникации и маркетинг:

  • Подготовка на план и календар за комуникација со јавноста и спроведување на истите согласно динамиката и потребите на работа на Фондацијата;
  • Идентификување на пазарни можности, развивање, менаџирање и реализација на кампањи низ дигиталните канали – социјални медиуми, банери, билтени, ПР објави, форуми, веб страни и слично;
  • Креирање и одржување на база на податоци составена од контат информации од  партнери, соработници и клиенти;
  • Организација на тематски интервјуа и планирање на акции за видливост на Фондацијата;
  • Креирање на содржина за веб страните на Фондацијата и социјалните мрежи;
  • Подобрување на видливоста на работа на организацијата со соодветен брендинг за Фондацијата;
  • Навремено синхронизирано објавување на настани, вести и информации на социјални медиуми;
  • Доставување на покани до лица и медиуми за присуствување на настани и обуки организирани од Фондацијата;
  • Учество во настани организирани како дел од Фондацијата и целосна асистенција во однос на промоција и логистика на истите;
  • Асистенција во спроведување на конкретни активности дел од проектите на Фондацијата согласно дадените насоки од тимот.

Потребни квалификации и вештини:

  • Најмалку 2 годишно релевантно работно искуство на слични задачи;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Познавање на работата на граѓанско општество;
  • Познавање од Facebook, Instagram, LinkedIn, Google рекламирање и креирање на кампањи;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint, познавање на програми за дизајнирање, WordPress, како и познавање на сервисот MailChimp;
  • Искуство во организација на настани и креирање на промотивни материјали;
  • Познавање и искуство во социјални медиуми и останати алатки за информирање и промоција;
  • Искуство во креирање на соопштенија за јавност и интервјуа;
  • Искуство во работа со различни засегнати страни во исто време, способност за истовремено управување со повеќе проекти во динамична работна средина;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Способност за тимска работа и работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

Работни бенефиции:

Позицијата предвидува полно и редовно работно време и овозможува можности за личен развој и надградба и динамична работна средина:

  • Работни часови во неделата 20;
  • Работно време од понеделник до петок, 4 часа со пауза;
  • Сигурни и редовни месечни примања;
  • Позитивна атмосфера со одличен тим;
  • Работа со искусни професионалци на значајни проекти;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Можности за патувања (во земјата и во странство) предвидени како дел од проектите кои се имплементираат од Фондацијата.

Начин на аплицирање:

Би бил/а одличен дел од тимот ако ги поседуваш потребите вештини, се препознаваш во овие вредности и имаш силна мотивација за успех.

Заинтересираните кандидати/тки треба да испратат биографија на македонски јазик и мотивациско писмо на следните адреси: [најави се за да го видиш е-маилот] и [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: ,,За оглас за специјалист/ка за комуникации и маркетинг’’

Само кандидатите/тките  кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на вашата апликација за работа согласен/а сте вашите податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »