Производен инженер

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран белгиски производител на автобуси и комерцијални возила, со годишен капацитет на произвoдство од околу 1,400 автобуси и 3,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајн и производство на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

ПРОИЗВОДЕН ИНЖЕНЕР

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Дава техничка поддршка на вработените во производство, користејќи листа на материјали, работилнички цртежи и работни упатства;
  • Известува за технички проблеми и го води процесот при изнаоѓање на решение во соработка со инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија;
  • Директно го води процесот при промени во дизајнот и листата со материјали;
  • Иницира, собира, рагледува, проценува и проследува до инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија предлози за подобрување на производствениот процес и дизајнот на возилата

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – Електро инженер

  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)

  • Одлично познавање на MS Office

  • Предност ќе имаат апликантите со искуство во автомобилската индустрија, или во сервисирање и одржување на моторни возила

ШТО НУДИМЕ:

  • Разновидна работа и предизвикувачки проекти
  • Да бидете дел од динамичен тим каде што се ценат индивидуалните иницијативи
  • Можност за професионално усовршување и обука кај еден од најреномираните производители на автобуси;
  • Рабоно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа.

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk , во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 15.10.2021 година

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »