Помошник за изолатерско-ломарски работи

Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија  и има потреба од вработување на 1 (едно) лице, динамично и мотивирано да работат во мултидисциплинарна и мултинационална работна средина за пополнување на позицијата:

Помошник за изолатерско-лимарски работи

Задачи и одговорности

  • Извршува утовар и истовар на материјали за термоизолација и транспорт до цевката во канал;
  • Помага при демонтажа на термоизолациониот материјал и негово собирање;
  • Помага при монтажа - задржување на термоизолацијата при нејзино врзување;
  • Одговорен е за примена на пропишаните мерки за заштита при работа и противпожарна заштита;
  • Врши активности на грејни инсталации кои се поврзани на системот за централно греење со кој управува Друштвото;
  • Овозможува пристап на надворешни лица кон грејните инсталации кои се поврзани на системот за централно греење со кој управува Друштвото;
  • Управува службено моторно возило

Критериуми за избор

  • Степен на образование 2-ПК
  • Вработување на определено време од 6 месеци со можност за  продолжување на неопределено време
  • Работно искуство минимум 1 (една ) година
  • Возачка дозвола “Б” категорија
  • Работно време 40 часови неделно
  • Работникот ќе работи во смени (07-15 и 14-22) а по потреба и ноќе, за време на викенди и празници
  • Основна нето плата – 20.000 денари

 

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:

Електронски:

Message to:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Subject: Пријава: Помошник за изолатерско-лимарски работи

 

По пошта:

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,

Ул. „Лондонска“ бр. 8   , 1000 Скопје

Пријава: Помошник за изолатерско-лимарски работи

Рокот за пријавување е 5  дена од денот на објавување. Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати - 45  дена, до 500 - 90 дена и над 500 - 120 дена, по изминување на рокот за пријава. Сите пријави кои ќе пристигнат по наведениот рок  нема да бидат земени во предвид. Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514-026.

 

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »