Специјалист за корисничка поддршка на француски јазик за работа од дома

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Зборуваш француски јазик и сакаш да работиш од дома? Тогаш можеби ова е совршената работна позиција за тебе! Станува збор за проект во областа на излезни повици кон постоечките клиенти за еден од нашите странски клиенти чија примарна дејност е поврзана со прехрана и комплетна достава на намирници кои се нарачани од страна на потрошувачите со цел олеснување на нивните секојдневни кулинарски активности. За овој проект е предвидена интересна и динамична обука, а развојот на комуникациските вештини е загарантиран!

 

Што можеш да очекуваш од првиот ден на твојот работен ангажман?

  • Конкурентна плата од 43.000 денари
  • Договор на определено/неопределено време
  • Договор на полно работно време
  • Платена обука
  • Бонуси за препораки на пријател (зависно од проектот)
  • Можност за работа од дома по успешно совладување на обуката и периодот на прилагодување
  • Можност за напредок - штотуку се формира нов тим и ќе бидат потребни идни лидери
  • Performance bonus врз основа на твоите компетенции

 

Стани дел од нашиот француски тим и патувај онлајн низ целиот свет!

  • Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување
  • Секојдневно ќе комуницираш на француски јазик со корисниците на услугите кои ги нуди компанијата обидувајќи се да го подобриш нивното корисничко искуство
  • Ќе имаш целосна поддршка од својот тим лидер како и од останатите членови на тимот

 

Како да знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим? 

  • Одлично зборуваш и пишуваш на француски јазик (B2/C1)
  • Комуницираш и на англиски јазик до B1 ниво 
  • Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето
  • Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување
  • Мотивиран/а си и одговорен/на 
  • Те инспирираат патувања и туризам како индустрија во подем
  • Сакаш да се развиваш во оваа индустрија

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »