Техничари за обезбедување на телекомуникациски услуги

За компанијата: Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето... повеќе за компанијата »

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

 

Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, извршува обврски во име и за сметка на Македонски Телеком АД Скопје во полето на инсталација на FTTH услуги кај корисниците и има потреба од:

 

Техничари за обезбедување на телекомуникациски услуги

(За регион Струмица)

[реф. бр. 2019-025]

 

Профил на работната позиција:

  • Техничарот за обезбедување на телекомуникациски услуги е одговорен за инсталација, пуштање во работа, тестирање, одржување и оптимално функционирање на опрема за обезбедување на телекомуникациските услуги согласно потребите на Македонски Телеком АД Скопје.

 

Опис на работни обврски:

  • Инсталирање на телекомуникациски услуги преку оптичка инфраструктура на корисничка страна, во сите сегменти (ODC, ODB, splicing на оптички влакна со механички или фузионен splicer, поврзување на оптички влакна во сплитер, изведба на секундарна мрежа, внатрешна инсталација, инсталација на CPE опрема);
  • Инсталирање и реконфигурирање на корисничка опрема преку која се обезбедува телекомуникациската услуга;
  • Непречено работење на височина до и над 2 метри, проверка на исправноста на мрежен елемент (столб, останати елементи) пред да се пристапи кон изведување на активности на истиот и инсталирање на услуги преку воздушна дистрибутивна оптичка мрежа, почитувајќи ги сите мерки и активности кои произлегуваат од безбедност и здравје и заштита при работа; Работа со соодветни софтверски алатки за оперативно работење на терен, грижа и одговорност за точноста на внесените податоци во налозите во апликацијата за оперативно работење;
  • Почитување на упатството за работа за комуникација при посета кај корисник, обезбедување највисок квалитет на услуга при секој контакт со корисникот, постапување по поплаки од корисници, идентификување на проблеми и изнаоѓање на решенија;
  • Правилно употребување на основните средства, ресурсите, инструментите и алатите за работа, преку примена на упатствата за ракување и одговорност за организирање на магацинот со кој е задолжен техничарот.

 

Профил на кандидатот:

  • Минимум средно образование или диплома за занимање квалификација IV/III степен;
  • Монтажерски и инсталациски компетенции на телекомуникациски кабли (преферирано оптика, предност доколку се познава и бакар) и LAN мрежи;
  • Комуникативна и амбициозна личност со желба за усовршување;
  • Способност за справување во конфликтни ситуации;
  • Тимски дух и способност за работа во големи тимови;
  • Важечка возачка дозвола Б категорија.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи;

Компанијата го задржувa правото да не избере ниту еден кандидат.

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса:

jobs.mk@mellongroup.com  најдоцна во рок од 5 дена од денот на објавувањето на огласот.

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »