За компанијата: СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија...
повеќе за компанијата »СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 25 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 350 вработени.
Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите.
- Ние промовираме квалитетни услови за работа на нашите вработени – безбедност и заштита на работното место, попусти при користење на продукти и услуги од корпоративното портфолио, флексибилно работно време, најразлични форми на дијалог и интерна комуникација, поддршка на многу социјални активности итн.
- Наша цел е да регрутираме, мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.
Горди сме на тоа што го имаме веќе постигнато, но секогаш се стремиме кон подобро и затоа потребни ни се ентузијастични, способни и лојални:
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА во Кавадарци
Потребни квалификации:
- Минимум ССС;
- Способност за градење и развивање на професионален однос со клиенти
- Возачка дозвола Б категорија (Незадолжителна)
- Пожелно, но не и неопходно е претходно работно искуство со продажба во некои од овие области: ИТ, ТВ, Бела Техника, Мали кујнски апарати, Aудио и Видео;
- Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, Интернет пребарувачи;
- Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;
- Големо познавање и продажба на некои од овие области: ИТ, ТВ, Бела Техника, Мали кујнски апарати, Aудио и Видео
- Способност за комуникација и продажба
- Способност за тимска работа
Одговорности и работни задачи:
- Услужување на клиенти
- Работа на каса
- Прием на производи
- Грижа за состојбата на изложените артикли, како и за хигиената во објектот
Ние Нудиме:
- Работа во динамична средина со тим на професионалци
- Работа во две смени, 40 часа неделно
- Можност за континуирана надоградба и развој во кариерата
- Пријатна работна атмосфера
- Обуки за напредок во кариерата
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) - ЗАДОЛЖИТЕЛНО, со слика не постара од 6 месеци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »