Агенција Рејтинг вработува сениор ПР Менаџер!

За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот... повеќе за компанијата »

Агенција Рејтинг вработува

сениор ПР Менаџер!

Агенција Рејтинг има потреба од сениор ПР менаџер со најмалку 5 години искуство во областа чија одговрност ќе биде создавање и одржување на позитивен јавен имиџ на клиентите и нивна максимална застапеност во медиумите. Тоа подразбира осмислување на сите ПР стратегии и активности и нивно спроведување од почеток до крај. Потребно е кандидатот да има познавање и интерес за политичка комуникација, како и редовно да ги следи политичките случувања во земјата и светот. Неопходни се одлични способности за пишување, истражување и организирање. Кандидатот би менаџирал тим и би бил во постојана комуникација со клиентите и сите вклучени во проектите, за што се потребни и одлични комуникациски вештини.

 

Позицијата овозможува одлични услови, шанса за унапредување во компанијата и можност да се соработува со истакнати клиенти и експерти од областа. Врвно искуство за секоја амбициозна и посветена личност која има мотив вистински да се усоврши и да напрадува во светот на ПР-от и политичката комуникација.

 

Одговорности:

  • Развивање на комуникациски планови и координирање на сите ПР активности;
  • Пишување материјали за различни комуникациски каналии обезбедување на пласмани во печатени,традиционални и онлајн медиуми;
  • Одговарање на новинарски прашања, пишување говори, организирање настапи и прес конференции.
  • Постојано следење на медиумите и политичките случувања;
  • Справување се негативен публицитет и итно реагирање во кризни ситуации;
  • Менаџирање со ПР тимот;
  • Секојдневна координација и комуникација со нашите клиенти;
  • Организирање и спроведување на настани, кампањи и поврзани активности;
  • Делегирање на задолженија и нивно постојано надгледување;
  • Создавање на содржина за социјалните медиуми и развивање на стратегии за промоција на истата;
  • Навремено реализирање на сите задачи во дадените рокови;

 

Кандидатот треба:

  • Да има завршено високо образование во областа на односи со јавноста, комуникациски науки или друго релеватно поле;
  • Да има најмалку 5 години работно искуство како ПР менаџер или да работел на слична позиција;
  • Да има добро познавање и будно да ги следи трендовите во политичката, социјалната и економската сфера;
  • Да поседува одлични вештини за комуникација и пишување;
  • Да биде проактивна и организирана личност, способна да работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови;
  • Да биде вешт со компјутери; работа со софтвер за видео и графичко едитирање е предност;
  • Да биде подготвен за индивидуална и тимска работа;
  • Одлично да го познава англискиот јазик;
  • Да има око за детаљи и аналитика.

 

Работно време е од 9 до 17, но Пр-от како професија бара флексибилност и достапност. Заинтересираните кандидати да испратат резиме на [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »