Специјалист за продажба

За компанијата: “Вита Нова – ЗА” - е официјално застапништо на реномирани странски производители на најквалитетни суровини наменети за фармацевтска, козметичка, прехранбена и други индустриски гранки. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Специјалист за продажба

Вита Нова – ЗА е компанија основана во 2006 година во Скопје како официјално застапништво на реномирани странски производители на најквалитетни суровини наменети за прехранбената, козметичката и фармацевтската индустрија.

Мисијата на Вита Нова е да создаде тим од креативни професионалци, кои преку следење на новите трендови и имплементирање на нови идеи ќе ги подобрува производите и производните процеси на нашите клиенти.

Визијата на Вита Нова е да биде значаен дел од прехрамбената, козметичката и фармацевтската индустрија преку понуда и снабдување на висококвалитетни суровини за нивните производствени капацитети.

Доколку барате професионална работна средина со динамичен карактер, сакате предизвик, имате желба да остварувате контакти со клучните луѓе од глобални компании во регионот, сакате да бидете дел од продажниот тим кој учествува на светски познати саеми кои се одржуваат во големите светски метрополи, испратете ја вашата работна биографија на info@vitanova.com.mk

Идеалниот кандидат треба да поседува:

  • Работно искуство во продажба 2+ години
  • Напредни продажни вештини, елоквентност и способност за преговарање со клиентите
  • Самоиницијативност, агилност и фокус кон остварување на успех во работењето
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Активен возач Б категорија

Одговорности во работењето:

  • Одржување на професионално партнерска релација, градење на долгорочен однос со постоечките клиенти во насока на проширување и зајaкнување на соработката
  • Зголемување на продажната мрежа преку интеграција на нови клиенти во компаниското портфолио
  • Добивање на информации од терен, пратење на работата на конкурентните компании во однос на ценовната политика и понуда на конкурентни производи
  • Спроведување на продажните и маркетинг стратегии за постигнување на подобри продажни резултати
  • Менаџирање на продажниот процес, понуда, преговори, контрола на достава на производи и нивна наплата
  • Способност за решавање на оперативни проблеми согласно потребите на клиентите
  • Изработка на извештаи за постигнатите резултати и одговорности во работењето

Вита Нова Ви нуди:

  • Пријатна атмосфера во современи удобни канцeлариски простории
  • Потребна техничка опрема за работа
  • Напредни обуки на месечно и годишно ниво
  • Навремени месечни примања со интегрирана бонус политика

Однапред Ви благодариме за интересот да бидете дел од Вита Нова - ЗА

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »