Готвач/ка и шеф на кујна

Најнова и примамлива понуда од Контекст Вработување: работни позиции за долгорочно вработување во Словенија со македонски и европски пасош!

Директно интервју на саемот за вработување на Контекст на 12 февруари во Скопје!

Доколку Вашата кариера и работни способности сакате да ги остварите во Словенија, тогаш ова е одличен предизвик за Вас. 

Нашиот партнер од Словенија, Slorest d.o.o. е најголема компанија во областа на гастрономијата во Словенија. Постои од 1994 година и има одлична долгогодишна соработка со компании и организации од сите сектори обезбедувајќи организација и изведба на секаков вид угостителски услуги. Тие вработуваат над 600 кандидати во повеќе од 90 ресторани во Словенија. Slorest со свој HR претставник ќе спроведе директно интервју со заинтересираните кандидати во Скопје. Компанијата нуди работа во динамично и пријатно опкружување, редовна исплата на плата, можност за организација на сместувањето и потполна подршка при добивање на работна виза. 
Контекст во соработка со Slorest има потреба од кандидати на работна позиција: 
 

Готвач/готвачка и шеф на кујна.

 

Услови за аплицирање:

  • Завршено средно угостителско образование, насока готвач;
  • Добро познавање на српски, хрватски или словенечки јазик;
  • Кандидатот може да биде со или без работно искуство во областа на гастрономијата;
  • Кандидатот треба да биде сериозен и спремен за работа во смени и за време на викенди.

 

Заинтересираните кандидати да се обратат во канцеларијата на Контекст Вработување со биографија на англиски јазик или да ја испратат на нашиот маил со назнака огласот за гастрономија во Словенија. За подетални информации ве молиме контактирајте не на: 02/3223 579 или 078 274 420 или на маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Со почит, 
Контекст Вработување
(Агенција за посредување при вработување во земјата и странство - лиценца број 08-1108/8)

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »