Digital Trade Associate

Плата од 23.000 ден.

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

ПАВ МОТИВИ за свој клиент, реномирана меѓународна компанија бара:

Digital Trade Associate

Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Желба да се биде дел од интернационална компанија и да се работи во креативна и динамична средина
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Способност за работа во тим
  • Задолжително активно познавање (користење) на следните јазици: албански, македонски и англиски
  • Напредно познавање на Microsoft Office пакетот (Word, Excel, Power Point и Outlook)
  • Претходно работно искуство со дигитален маркетинг ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство со CRM ќе се смета за предност

Работни задачи и одговорности:

  • Оперативна и административна поддршка на тимот задолжен за креирање на дигитални трејд активности.
  • Телефонска и писмена комуникација со купувачи/корисници на дигиталната трејд платформа
  • Анализа и изработка на дневни, неделни и месечни извештаи
  • Работа на интернационален CRM software (обука во текот на работата)
  • Планирање и креирање на различни дигитални трејд активности во зависност од активната трејд програма
  • Активно учество во креирање на месечните медиа планови
  • Едукација и соработка со тимот за продажба за успешно спроведување на дигиталната трејд програма на соодветните територии.

Ние ви нудиме:

  • Работа во динамична и развојна средина
  • Можност за развивање во интернационална компанија и континуирано персонално усовршување.
  • Работно време 09.00ч - 17.00ч, (понеделник до петок)
  • Почетна плата 23 000ден + храна и превоз

Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите апликации на [email protected] со предметот Digital Trade Associate

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

*Кандидатoт, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »