Се бараат градежни работници (ѕидари, армирачи, тесари, афалтери) за работа во словенечка компанија Гарнол, во околина на Крањ Словенија.
Задолжително е најмалку 2 години работно искуство на градилиште, со доказ од ПИОМ.
Кандидатите со познавање на словенечки јазик и возачка дозвола имаат предност.
Услови кои ги нуди фирмата:
• Работно време: пон-пет од 07-17ч, сабота 07-14ч, три саботи во месецот се работни
• Месечна нето плата од 800€ за 174 работни часа
• 26 работни часа од прекувремените се исплаќаат како стимулација во износ од околу 100€, остатокот од прекувремените се користи во фонд за плата за зимски неработен период
• Годишен регрес од околу 1.000€
• Покриено здравствено и социјално осигурување
• Договор за работа и работна виза на една година, со можност за продолжување
• Покриени трошоци за превоз од сместувањето до работа и обратно, обезбедена исхрана на работа
• Покриени трошоци за работна виза и дозвола за престој
• Можност за обука и напредување
• Сместувањето е на трошок на самиот вработен и изнесува од 140-180 € месечно
Доколку сте заинтересирани, испратете ваше CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . За повеке информации, јавете се на 075/460-460 секој работен ден од 09-16 часот.