- Објавен на 10.2021
- Белгравиа Груп ДООЕЛ
- Активен до 16.10.2021
- Позиција: Персонал во продавница/Касиер
- Локација: Скопје
Obag.store Италијански моден бренд, спрецијализиран за ташни, часовници, аксесоари и други модни додатоци бара персонал за продажба во новоотворениот салон на O bag store во EAST GATE. Концептот е уникатен и се заснова врз база на лично дизајнирање на производите од клиентот.
Потребно:
- Бараме ведра особа со квалификациски вештини за продажба на високо ниво;
- Задолжително работно искуство во модна индустрија (минимум две години);
- Основно познавање на компјутер, наплата на каса;
- Познавање на англиски јазик.
Одговорности и работни задачи:
- Услужување на клиентите во домен на лична продажба;
- Основни административни обврски во домен на работата;
- Прием, припрема на производите;
- Повремена организација и уредување на продажното место;
- Континуирано надградување на вештините во продажба, засновано на личната асистенција на клиентот во врска со производот;
- Други основнни работни задачи, неопходни за континуирано функционирање на локалот.
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
- Континуирана обука и можност за напредување;
- Предвидена редовна нето плата од 18.000 денари, плус бонус од остварена продажба;
- Работа во смени, вкупно 40 часа неделно.
Заинтересираните да испрата свое CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . Контактирани ќе бидат само лицата кои што ќе влезат во потесен избор, со задолжително изградено предходно работно искуство во насока на потребите и барањата.