Вински соработник за продажба

Кој сме ние?

Вински салон Grand Cru инкорпориран во винска продавница која ги обединува македонските и регионалните со голема примеси на винари од познати светски региони. Ново руво во градот под закрила на винаријата Chateau Kamnik, каде што се создава магијата на виното и гастрономијата.

Биди и ти дел од нашиот тим! ....

Вински соработник за продажба

Главни oдговорности и oбврски:

  • Извршување на продажни активности на производите од продавницата согласно политиката на компанијата
  • Учество во мини дегустации со веќе одбрана понуда на вина како и вклученост во сите вински презентации
  • Посветеност на самите гости во продажбата, како и во самите дегустации
  • Почитување и одржување на воспоставените стандарди и политики на компанијата
  • Учество во маркетинг активности и промоција за подигнување на винската култура преку комуникација со купувачи и клиентите

Очекувани квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Развиени компјутерски вештини

Потребни способности и вештини:

  • Комуникативност и поседување на добри презентациски и продажни вештини
  • Познавање и интерес за вина
  • Совесност и одговорност за извршување на работните задачи
  • Професионалност и деловна култура
  • Самоиницијативност и флексибилност, способност за тимско и индивидуално работење
  • Поседување на амбиција и желба за усворшување на личните знаења и вештини
  • Организираност и посветеност на детали
  • Подготвеност за работа во смени

Компанијата за своите вработени нуди:

  • Работа во една од најпрестижните винарии во државата
  • Договор на неопределено време
  • Конкурентна плата и одлични услови за  работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок
  • Можност за обука за целокупната винска селекцијаа, како и обука за водење на дегустации
  • Официјална обука за асортиманот на производи на RIEDEL, винска едукација, едукација на комбинација на храна и вино, едукација на премиум цигари (пури, томпуси)
  • Можност за надградба на сопствените знаења и нивно проширување со акредитирани странски школи
  • Посета на винарии партнери, за проширување на знаењата и тековни дегустации.
  • Можност за дополнителен бонус

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »