Правник

Плата од 27.500 ден. до 30.000 ден.

За компанијата: Компанијата ГАМА Градба ДООЕЛ Скопје се основа во 2007 година. Со постојан и динамичен развој се издвојува како посебна гранка од компанијата Елово комерц, којашто пак се занимава со електрика и инфраструктура и е основана во 1999 год. повеќе за компанијата »

Активни огласи од ДГТУ ГАМА ГРАДБА ДООЕЛ:

Градежен инженер за ниска градба

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Универзитетска диплома – Правен факултет;
  • Положен правосуден испит ќе се смета за предност;
  • Најмалку 1 година искуство во областа на правни работи;
  • Одлично познавање на областа на човечки ресурси со искуство од најмалку 1 година;
  • Познавање на англиски јазик пожелно, но не е задолжително;
  • Познавање  на MS Office апликации;
  • Способност за тимска работа;
  • Самоиницијативност, креативност;
  • Професионалност, енергичност;
  • Познавање на закони поврзани со областа на Градежништвото.

Работни обврски:

  • Ги следи и применува законските и подзаконските прописи, нудење на правни решенија;
  • Составува писмени поднесоци: договори, предлози, приговори, барања, жалби, одговори на тужби;
  • Врши административно технички работи;
  • Води административна коресподенција;
  • Подготвува договори за вработување и други акти од областа на човечки ресурси;
  • Организирање и водење на процесот на регрутација и селекција;
  • Водење евиденција за отсуства на вработените (годишен одмор, боледување и др.отсуства  регулирани со законската регулатива);
  • Коресподенција и застапување на фирмата пред надлежни органи и институции;
  • Проучува предмети;
  • Изготвува и испраќа опомени до комитенти за неплатени фактури;
  • Изготвува мислења и одговори во врска со предмети за кои е задолжен за работа;

Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот во канцелариите на Гама Градба.

Платата ќе се одреди според знаењето, искуството и желбата за работа на кандидатите, а ќе ја задоволува просечната месечна плата. 


Ваше CV, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате пратете го на следната Е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] .

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »