Промовирани огласи »

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија. Неодамна Кромберг & Шуберт се прошири на нова локација во Скопје во која вработува 2000 луѓе.

Сите огласи погледнете ги ТУКА

Промовирани огласи »

Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан“, информират од Министерството за финанси. Граѓаните преку јавниот повик кој е објавен ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 август 2022 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување на нов стан или изградба/купување на нова куќа.

Од министерството појаснуваат дека субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.

Граѓаните можат да аплицираат за 6 различни модели коишто нудат различни поволности согласно тоа дали сакаат да аплицираат за субвенционирање месечна рата на кредитот или за учество, во зависност од тоа дали аплицираат за купување стан или куќа и во зависност од возраста. Повеќе за моделите може да се види во прирачникот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии.

Каматната стапка согласно утврдените критериуми изнесува 2,9 % во првите 3 години и 3,9 % во четвртата и петтата година од отплатата на кредитот при изборот на варијантата за субвенција на месечната рата, додека кај моделот субвенционирање на учеството каматната стапка изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата плус 6-месечен Eурибор.

Согласно утврдените услови и кретируми корисници на субвенциониран кредит може да бидат лица кои не се или се во брачна заедница, при тоа да не поседуваат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи се дефинирани на максимален износ од 900 евра за оние кои не се во брак и 1.300 евра за брачен пар. Продажната цена на станот што се купува со субвенционираниот кредит не треба да надминува 900 евра за метар квадратен и површина до 150 метри квадратни, информираат од Министерството за финанси.

Заинтересираните граѓани може да поднесат барање за субвенциониран станбен кредит во комерцијалните банки во земјава преку кои се спроведува проектот, односно НЛБ банка, Стопанска банка – Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка – Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка и Прокредит банка.

Преку проектот „Купи куќа, купи стан“, кој се реализира 10 години, досега се одобрени над 2000 барања, при што износот на одобрените кредити е над 73 милиони евра, а одобрените субвенции над 18 милиони евра./МИА/

Промовирани огласи »

Две авиокомпании, Пегасус и Санекспрес, ќе летаат на истата рута, од јуни до октомври

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре, втори јуни 2022 година, која ќе го поврзува македонскиот главен град со еден од турските туристички бисери на Егејското море, известуваат од ТАВ Македонија.

Две авиокомпании, Пегасус ерлајнс (Pegasus Airlines) и Санекспрес (Sunexpress), ќе летаат на оваа авио-рута, во текот на целата летна сезона, односно од почетокот на јуни до крајот на октомври.

Задоволни сме што се отвора оваа сезонска авиолинија, меѓу Скопје и Измир, како еден од главните туристички центри на Турција, до кој досега немаше директна авиоврска. Измир е атрактивна дестиција за македонските граѓани, како од аспект на туристички патувања, така и од бизнис-аспект, со оглед на тоа што е третиот најголем град во Турција каде е сместено најважното извозно пристаниште и каде што се одржуваат бројни саеми. Сигурни сме дека оваа линија ќе придонесе и за зголемување на бројот на туристи, како и за зајакнување на економската соработка меѓу двете држави. Со ваквиот потенцијал, се надеваме дека во иднина може да стане и редовна авиолинија во текот на целата година, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Авиопревозникот Пегасус почнува да лета на релација Скопје-Измир од утре, втори јуни, и ќе лета до 27-ми октомври, секој четврток, со време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 14 часот и 20 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир, во 15 часот и 20 минути; како и секоја недела, со време на слетување во Скопје во 9 часот 55 минути и време на полетување за Измир во 10 часот и 45 минути.

Авиопревозникот Санекспрес ќе почне да лета на истата авиолинија на 12-ти јуни и ќе лета до 2-ри октомври и тоа секоја недела, со време на слетување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 1 часот и 35 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир во 2 часот и 25 минути.

За сите детали во врска со резервации и продажба на авиобилети, од ТАВ Македонија ги упатуваат патниците да ги посетат веб-страниците на:

АвиокомпанијатаPegasus Airlines www.flypgs.com/

АвиокомпанијатаSunexpress www.sunexpress.com/en/

Од ТАВ Македонија очекуваат зголемен авиосообраќај во престојната летна сезона и на двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје, од каде што во моментов се лета до 43 дестинации и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, од каде што моментално има летови до 13 дестинации.

Промовирани огласи »

Согласно најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени со пописот спроведен минатата година, вкупно работоспособно население на возраст од 15 години и нагоре изнесува 1.525.366 лица. Притоа од нив, 717.769 лица се активното население, односно лица кои работат или бараат работа. Од нив 608.520 лица  се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768.549.

Според највисокиот  степен на школска подготовка, најмногу невработени или  56.701 лице се со средно образование од кои  34.313 се мажи и 22.388 се жени.Според  дејноста, најмногу вработени, или 123.347 лица има  во Преработувачката индустрија од кои 65.751 се мажи и 57.596 се жени. Од вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица  изнесува 450.766.Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува  94.412 или  1,8 отсто на возраст од 0 до 14 години, 43,5 проценти на возраст од 15 до 64 години и 54,8 отсто на возраст од 65 и повеќе. Според видот на попреченост, најголемо учество од 40,8 отсто или 38.499 имаат лицата со потешкотии во движењето – се наведува во соопштението на ДЗС.

Заводот за статитика исто така објави дека од 839.174 станови, 531.987 станови или 63,4 отсто се населени, додека 307.187 станови или 36,6 проценти се ненаелени. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »