Инстаграм повторно има проблеми, откако голем број на корисниците од различни региони пријавуваат проблеми со испраќање и примање директни пораки. Истите проблеми ги имаат и корисниците на Фејсбук Месенџер.
Според различни извори и корисници на платформите за пораки Инстаграм и Фејсбук Месенџер, постои чуден проблем каде пораките исчезнуваат веднаш штом корисниците ќе ги испратат. Две служби веќе неколку часа се занимаваат со овој проблем и се уште не е решен.
Проблемот беше пријавен и од „DownDetector“, сајт кој ја следи состојбата на веб-страниците и известува за оперативни проблеми. Големи проблеми со Инстаграм и Фејсбук Месенџер се пријавени од синоќа.
За среќа, освен проблемот со инбоксот, останатите две платформи функционираат нормално. Откако се појавија проблемите, Инстаграм стана „жешка“ тема на Твитер и корисниците пријавуваат проблеми со услугата.