Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека Владата нема слух за потребите на граѓаните и работниците, оти во услови на криза не презема мерки, и како што нагласува, без оправдани причини не овозможи зголемување на платите, односно нивно усогласување со минималната плата.


Владата, велат од ССМ, ги остава работниците и граѓаните сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во услови на пост-ковид, економска, енергетска и воена криза со која се соочуваат. Во изминатиот период, според Синдикатот, Владата немала слух за потребите на нејзините работници и граѓани и наместо со навремени и таргетирани мерки, наместо со зголемување на плата да влијае директно на стандардот на работниците и граѓаните, таа, како што нагласуваат од ССМ, одбива да ги зголеми односно усогласи платите на нејзините вработени и во оваа економска и енергетска криза ги остава на работ на егзистенцијата.

-Претставниците на Владата од нивните удобни фотељи во климатизираните кабинети гледаат розов свет, за разлика од работниците кои и покрај тоа што работат од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто, синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за 1 година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, не електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс, реагираат од ССМ. 

Работниците работат, нагласуваат од Синдикатот, а се сиромашни и не можат да си ги прехранат семејствата. Тие работат, велат од ССМ, но никој не им го цени трудот.

-Додека државната каса се полни од даноците кои поради зголемените цени се слеваат во државната каса, работниците и граѓаните се мачат да излезат на крај со енормното поскапување, а зимата уште не е ни блиску. Без постоење на реални и оправдани причини, Владата постапува спротивно на Уставот во кои е уредена обврската за почитување на правото и законите и целосно функционирање на правната држава, Владата не постапува согласно Законот за минимална плата, другите закони и владеењето на правото и не обезбеди зголемување односно усогласување на платите за најмалку 2806 денари на сите вработени во јавниот сектор и на тој начин да го амортизира ударот од ценовните шокови кои ги доживуваат работниците секојдневно, се вели во денешната реакција од ССМ. 

Промовирани огласи »

Гривата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до три денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за два денари за литар и ќе чинат 93,5, односно 96 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 2,5 денари за литар и ќе се продава за 93 денари, а цената на  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за три денари за литар и ќе изнесува 91 денари.

Со одлуката на РКЕ не се менува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС која и понатаму останува 53,343 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување кај бензините во просек за 3,171 отсто, кај дизелот за 3,728, а кај екстра лесното масло во просек за 4,476 отсто, додека кај мазутот има зголемување во просек за околу 1,6 отсто. Курсот на денарот, пак, е за 0,224 отсто понизок од курсот на доларот.

Промовирани огласи »

Zulutv популарна веб-страница која ги обединува сите македонски станици, каде што програмата се емитува во живо.

Моментално 18 македонски ТВ станици се достапни и можете да ги гледате во живо, особено ако вашитот компјутер не поседува ТВ картичка. 

Zulutv ви е одлична алтернатива за ТВ во живо преку вашиот компјутер!

Промовирани огласи »

Еднократна парична помош за новородено дете се обезбедува на семејството за прво новороденче. Новороденото дете се смета дете кое е прво дете по ред на раѓање на мајката. За прво новородено дете  ќе се сметаат и децата кога мајката при првото раѓање ќе роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе). Исто така за прво новородено дете ќе се смета и првото посвоено дете, како и кога ќе се посвојат повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) при првото посвојување, на возраст на детето/цата до една година доколку мајката нема прво новородено дете.

Висината на еднократната парична помош за новороденче изнесува 4.829 денари при што износот се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

Еве која документација е потребна:

1. Важечка лична карта од мајката – се доставува на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење на мајката, а доколку подносител на барањето е таткото/старателот се доставува важечка лична карта од мајката на детето на увид за докажување на постојаното место на живеење на мајката, а препис на извод од матична книга на умрените доколку мајката е почината и важечка лична карта на таткото/старателот на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

2. Мајчина книшка на увид за мајката со копија на страници 3, 5 и 7 или потврда од избран лекар- специјалист по гинекологија и акушерство за редот на раѓање на детето, а за посвоено дете потврда дека мајката нема прво новородено дете;

3. Копија за трансакциска сметка;

4. Препис на извод од матична книга на родени за детето;

5. Важечка лична карта од таткото – таа се доставува само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење (во случај кога мајката не е државјанин на Република Македонија, а склучила брак со државјанин на Република Македонија).

Подносителот на барањето ги приложува доказите утврдени точки 1 и 2 (потврда издадена од избран лекар- специјалист по гинекологија и акушерство) и 4 (ако подносител на барањето е таткото/старателот).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »