Промовирани огласи »

Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија, благодарение на поврзувањето на националните електронски системи на овие земји во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, по првпат ќе можат слободно да пристапат до единствениот пазар на трудот, изјави денеска директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за ИТ и е-Управа Михаило Јовановиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јовановиќ за денешното издание на весникот „Вечерње новости“ објасни дека граѓаните ќе имаат можност да се вработат во една од тие три земји без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.

Тој додаде дека денеска сите информации за јавната администрација во Србија се достапни онлајн и за граѓаните се на услуга седум дена во неделата, 24 часа дневно.

Зборувајќи за пазарот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во Србија, Јовановиќ рече дека во моментов на тоа поле се вработени 92.000 луѓе, но дека пазарот се уште е „гладен“, односно да постои „огромен дефицит во тој сектор“.

Очекуваме дека извозот на ИКТ секторот годинава ќе надмине 2,5 милијарди евра и е поголем од извозот на земјоделството – рече Јовановиќ.

Промовирани огласи »

Нискобуџетната компанија Виз Ер привремено суспендира шест линии од пет пазари во поранешна Југославија, бидејќи авиокомпанијата се бори со недостигот на персонал. Превозникот беше принуден да откаже стотици летови ова лето, а операциите надвор од Обединетото Кралство и Унгарија беа особено погодени. Ќе бидат погодени и услугите на авиокомпанијата од Приштина, Тузла, Љубљана, Белград и Охрид.

Компанијата објави дека ги прекинува своите летови од Дортмунд и Рим до Приштина, а услугите ќе бидат обновени на 2 септември и 2 октомври, соодветно. Слично на тоа, авиопревозникот ги откажа сите свои летови од Тузла до Милано ова лето, кои сега се планирани да бидат обновени на 30 октомври со две неделни ротации.

Меѓу откажаните летови се и од Белгија до Љубљана до 4 септември со што Брисел ерлајнс како единствен авиопревозник што лета меѓу Белгија и словенечкиот главен град, иако и тој ги намалува услугите во текот на јули со 22 наместо 26 летови кои треба да се реализираат во текот на месецот . 

Виз Ер ги прекина услугите од својата база во Белград до Билунд до 31 октомври, по што летовите ќе се извршуваат три пати неделно. 

Дури и летовите кон и од Охрид се погодени, а услугите од Дортмунд се откажани до 2 септември.

Понатамошни промени и откажувања остануваат можни бидејќи авиокомпанијата се бори со недостаток на персонал и голем број членови на кабинскиот екипаж кои земаат боледувања среде новиот бран на коронавирус инфекции низ Европа..

Виз Ер соопшти дека патниците кои се засегнати ќе бидат контактирани преку е-пошта и ќе им се понуди можност повторно да резервираат или да добијат рефундирање. 

За да можеме да избегнеме откажувања и да обезбедиме поточно работење на нашите клиенти, дополнително ја подобривме агилноста и еластичноста на нашата мрежа, вклучувајќи прилагодување на распоредот каде што видовме поголема појава на проблеми, на пример проблеми со распределбата на слотот, тајмингот на пресврт. Севкупно за шпицот летен период очекуваме да ја намалиме искористеноста за дополнителни 5 отсто наспроти планот наведен во резултатите од целата година за да го намалиме влијанието на тековните надворешни нарушувања - истакна превозникот.

Промовирани огласи »

Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.163/2021).

Во членот 12 меѓу другото е предвидено дека „работното време на секој работник во текот на целиот циклус на Проектот може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.

Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член бидејќи, како што се наведува во соопштението од Судот, тоа е во спротивност со темелната вредност владеење на правото предвидена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот,  како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека е во  спротивност со членот 32 став 4 од Уставот.

Подносители на иницијативите се Сојузот на синдикати на Македонија, СГИПРМ и Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип.

И Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утрово во соопштение до медиумите потсетија дека мора да се зачуваат работниците и работничките права пропишани и загарантирани во Законот за работни односи и Колективните договори утврдени преку социјален дијалог помеѓу Владата, работодавачите и синдикатите.

Промовирани огласи »

Белград и Тирана се најскапи во регионот, а Приштина е најевтина. 

Според средногодишниот индекс на „Numbeo“, којшто важи за најголемата светска база за податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на животот, Тирана и Белград се двете најскапи престолнини во опкружувањето. Најевтина во регионот е Приштина, а потоа следат Скопје, Подгорица и Сараево. Индексот на трошоците на животот не ги вклучува трошоците за сместување како кирија или хипотека.  Најскапите градови во светот се во Швајцарија, а најниски трошоци за живот имаат градовите во Индија, Пакистан, Шри Ланка и Колумбија. И претходно повеќе истражувања покажаа дека Скопје е еден од најевтините градови во Европа. 

foto Wikipedia/dan

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »